На Косово во минатото деноноќие се регистрирани шест нови смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19. Во истиот период има и 287 нови случаи кај кои е откриен корона вирусот.

Според последните официјални статистики, од појавата на епидемијата досега, вирусот е откриен кај вкупно 60.218 лица, од кои починале 1.498 пациенти.

Согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во последните 24 часа како излекувани од болеста се евидентирани 229 лица, со што вкупната бројка на оние кои ја совладале болеста достигна до 52.437.

Според официјалните податоци, активни во моментов се 6.283 случаи.

Во последните 24 часа се извршени 2.438 ПЦР тестирања или вкупно 233.532 тестирања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.