Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во утринската програма на ТВ Пинк, упати сериозни обвинувања кон претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, дека планирал атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ! Тој рече дека за тој пеколен план се ангажираат луѓе од БиХ.

Иако е полн со омраза, тој не се води од тоа, туку се раководи од желбата да се зачува моќта и да се врати довербата, барем за кратко време, бидејќи западните сили го отпишаа. Тоа е причината зошто тој ги нарушува односите со Србија како и Српската православна црква. Тој ја разгледува можноста за финансирање на убиството на Александар Вучиќ во најтесниот круг на неговите приврзаници, а тоа се веродостојни информации бидејќи тој сака да предизвика хаос во Србија – заклучува Шешељ.

Шешељ наведува дека станува збор за веродостојни информации кои тој ги добива од безбедносните структури во Белград и Подгорица.

Босанските медиуми пишуваат дека во тој пакт за рушење на Вучиќ го врбуваат и Милорад Додик, водачот на Србите во Република Српска, но тој ги демантираше тие информации.

Овие информации доаѓаат во период на големата афера за прислушкување на Вучиќ и се погласните сомнежи дека тие информации завршија кај некои моќни криминални кланови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.