Од преголема желба да го види во живо рускиот претседател Владимир Путин, српскиот радикал Воислав Шешељ го прелажал обезбедувањето на најмоќниот човек во светот и строгиот дипломатски протокол , па влегол во црквата „Свети Сава“ многу пред да помине обезбедувањето и со часови клечел сокриен и чекал да се појави Путин.
Рашив да се обидам да го запознаам Путин и усеав. Влегов во храмот „Свети Сава“ пет часа порано, се сокрив во некој магацин. Се вкочанив. За тие пет часа и во веце не отидов, немав мобилен телефон, ни вода. Устава ми се исуши, а грбот ме болеше, зашто седев на еден дрвен стол. Целиот се вкочанив, но вредеше, раскажал Шешељ за Курир.рс.
Дека ризикот му се исплател, доказ е тоа што се видел очи в очи со шефот на Кремљ.
Кога тргнаа да излегуваат од криптата, искостив пригода и искокнав пред нив. Никој не можеше да верува што гледа, како да се појавил дух. Мислам дека патријархот ќе се онесвестеше. Потоа се ракував со Путин и му се претставив, а тој климна со главата и срдечно одговори дека ме следел во Хаг. На тоа Вучиќ додаде: „Војо, па тебе сите во Русија те познаваат“.
Шешељ тврди дека разговарале со Путин дури десетина минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.