Антивладините протести во Бугарија продолжија и денеска, 36-ти ден по ред, а три крстосници во Софија остануваат блокирани од шатори.

Демонстрантите продолжуваат да бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев, пренесува бугарската агенција БТА.

Во вториот по големина град во Бугарија, Пловдив, демонстрантите блокираа крстосници, поради што 19 линии од јавниот превоз ги сменија рутите.

Протести се одржуваат и во Стара Загора, варна и други градови во Бугарија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.