Сликите што деновиве ни доаѓаат од Србија го вратија сеќавањето на она што се случуваше во Македонија 2016 година и Шарената револуција. Она што почна навидум како незадоволство, најпрво кај средношколците, па кај студентите, се претвори во една од најдобро организарните организации за рушење на власт.

Потпомогнати од Канвас кои се специјалисти за вакви операции ги злоупотребија младите да излезат на улици и да предизвикаат „револуција“.

На тоа се надоврза и несреќната смрт на Мартин Нешковски и фитилот беше запален.Секој ден имавме млади на улица, фарбање на институции, повици „нема правда нема мир“.
За кратко време се виде дека целта на протестите не било ниту правда ниту мир туку чиста политика.

Нив ги презеде лично тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Тој секојдневно беше на улиците и фрлаше боја по министерствата и владата.

Истото се случува и сега во Србија

Навидум граѓанските протести против ископот на литиум ,дозвола која била дадена во време на претходната власт извади десетина илијади незадоволни на улица. Се користат истите методи како македонските „шарени“. Блокади на улици и булевари, кршење на возила, а не се пропуштаат ниту возила на итна помош и граѓани кои мораат да одат на лекар.

Дека и овие протести не се спонтани се виде и кога на нив се појави Драган Ѓилас, лидерот на српската опозиција. За него во Македонија малку се знае но се работи за пандан на Зоран Заев.

Богатството на Ѓилас брои околу 600 милиони евра и слично како и Заев сака без избори да дојде на власт и често ја посочува Македонија како пример дека со т.н Пржинска влада опозицијата дошла на власт. Бара и контрола на медиумите,поддршка од ЕУ и неколку министерства. Звучи познато, зарем не?

Ѓилас е чест гостин во Македонија и има средби со Заев со цел македонското сценарио. Малку е веројатно дека во тоа ќе успеат бидејќи претседателот Александар Вучиќ одлучно им посочува дека тоа нема да помине и оти ова не е Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.