Повторното преговарање за Преспанскиот договор побара потпретседателот „Независни Грци“ (АНЕЛ), Панајотис Сгуридис, по „провокативните“ изјави на Зоран Заев дека во Грција ќе се изучува „македонски“ јазик, пренесуваат грчки медиуми.
Запрашан дали медијаторот Метју Нимиц вчера интервенирал на барање на премиерот Алексис Ципрас или на министерот Панос Каменос, Сгуридис, во гостување на радио рече „Знам дека двајцата имаат отворени телефони, не знам дали побарале“.
Сгуридис, заменик – претседател на АНЕЛ, потврди дека кога преспанскиот ќе дојде во парламент тие како партија нема да гласаат.
Нашата позиција е дека не зборуваме за добар или лош договор, туку дека изворот на злото е зборот Македонија, вели Панајотис Сгуридис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.