Oколу 30 помали потреси се регистрирани во текот на вчерашниот ден и ноќта во Загреб, по земјотресот со интензитет од 5,3 степени кој ја потресе хрватската престолнина.

Состојбата на 15-годишното девојче што беше повредено е непроменета и тоа се бори за живот.

Сеизмологот Крешимир Кука изјави за Хрватското радио дека секундарните потреси ќе траат со недели и месеци.

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени вчера утрото беше регистран во Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри и предизвика материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.