По вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување на полицискиот час во Белград и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, неколку политички партии попладнево организираа нов протестен собир, овој пат, пред Филозофскиот факултет.

Иако претседателот на Србија, Александар Вушиќ, при денешеното обраќање до нацијата изјави дека нема да има повеќедневна забрана за движење, но дека, сепак, утре владата ќе ја донесе конечната одлука, на улиците на Белград попладнево има зголемен број поддржувачи на различни политички опции.

Еден од протестите го организира опозицискиот Сојуз за Србија, кој бара формирање на преодна влада и нов Кризен штаб за борба против епидемијата, како и промена на врвот на полицијата по употребата на сила на синоќешниот протест во српската престолнина.

Меѓу собраните граѓани и се лидерите на опозицијата, претседателите на Партијата за слобода и правда Драган Џlилас, на Народната партија, Вук Јеремиќ, на Двери, Бошко Обрадовиќ, на Демократската партија, Зоран Лутовац, и на Движењето за промени Јанко Веселиновиќ.

Од насобраните има најава дека вечерва повторно ќе има протест пред српскиот Парламент, каде синоќа, до доцна во ноќта, имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Дел од насобраните граѓани со навреди и тупаници го избркаа лидерот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ од протестот.

Слушнав дека некои од тие лица кои се таму,  некои велат дека се луѓе од протестот, некои велат дека се навивачи на некои клубови, го нападнале Сергеј, додека се движел и дека го удриле. Тоа е се, изјави  Драган Ѓилас.

Двајца репортери на Н1 го виделе стампедото, но не можат да потврдат дека групата го бркала Трифуновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.