Синоќа околу полноќ се случила голема трагедија на Нов Белград кога Василије Р. (12) извршил самоубство со скок од седниот кат на зградата во која живеел со родителите. Според неутврдени информации момчето оставило проштално писмо на масата во својата соба, а причината проради која се одлучило за сиуцид наводно е што мајка му не му дозволувала да игра видеоигри.
Сепак, роднини на момчето негораат.
Чичкото на покојниот Василије рекол дека не е точно дека оставил проштално писмо, ниту пак е вистина дека се самоубил поради видеоигри.
Ништо од тоа не е вистина. Ова е голема семејна трагедија. Дошол од училиште и само скокнал низ прозорецот, рекол чичкото.
Татко му е многу болен. Имаше три тешки операции, додал на крајот.
И соседите се во шок.
Најкултурното дете во згрдата, се занимаваше со спорт. Се доселија во згрдата пред 10 години, па веднаш дадоа 5000 евра за обнова на плочките во зградата. Културни, образовани луше, само пофалби имам за семејството, рекла шокирана комшивка и заплакала.
Во еден момент родителите се развеле, па се смириле.
Немаше да помине а да не каже добар ден. Не знам што му требаше ова, вели таа и додава дека вечерта слушнала бучава, викање, лифтот одел горе-дплу, полиција, но ни на крај памет не ѝ било дека се работи за ваква трагедија.
Момчето го пронашле соседите на плочникот пред зградата, а во тој момент телото давало знаци на живот. Екипа на Брза помош веднаш дошла на терен, но не услеала да го спаси детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.