Српската полиција денеска го уапси возачот на директорот на Коридорот на Србија, Зоран Бабиќ, Д.С.(35) поради тешка повреда на безбедноста на сообраќајот.

Во тешката сообраќајна несреќа на наплатата рампа кај местото Дољевац, во близина на Лесковац, загина Станика Глигоријевиќ(52) од селото Дебелица, а повредени се уште 4 лица, меѓу кои и Зоран Бабиќ.

За предизвикување на насреќата осомничен е неговиот возач.

На снимката која се појави во медиумите се гледаат две возила кои стојат на наплатна рампа. Ужасот се одиграл во дел на секундата. Автомобилот на Зоран Бабиќ буквално ги смачкал возилата пред него, а во едно од нив била жената кој починала на лице место. Автомобилот на Бабиќ удрила во опел астра, кој го оттурнал пасатот пред него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.