Бригадниот генерал Стефан Јанев најверојатно ќе биде изборот на претседателот Румен Радев за привремен премиер на Бугарија.

Инаку, Јанев моментално е секретар за безбедност и одбрана во кабинетот на Радев, а своевремено бил вицепремиер и министер за одбрана во привремената влада на чело Огнен Герџиков во 2017 година.

Понатаму, поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Николај Цонев, се споменува и како нов министер за одбрана.

Министерството за здравство веројатно ќе го преземе поранешниот управител на Националниот фонд за здравствено осигурување Дечо Дечев или пак пулмологот Коста Костов.

Галаб Донев најверојатно ќе биде министер за труд и социјална политика.

Поради поврзаноста со поранешните војници, бугарските медиуми ја опишуваат идната привремена влада на претседателот Радев како „воена влада“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.