Сероепидемиолошкото тестирање спроведено од Институтот за јавно здравје на ФБиХ и Институтот за трансфузиона медицина на ФБиХ открило дека 19,1 процент од возрасните луѓе во Сараевскиот кантон во некој момент биле заразени со корона вирусот.
Врз основа на резултатите од тестот на 1.015 лица на возраст од 18 до 65 години, кои дарувале крв во периодот од 2 ноември до 7 декември, укажано е за процентот на луѓе кои биле заразени со вирусот, објавуваат сараевски медиуми.
Според структурата на возраста, лицата на возраст од 18-29 години учествуваат со 33,6 проценти од заразените, лица на возраст од 30 до 39 година 31,5 проценти, лица на возраст од 40-49 години 20,3 проценти, лица на возраст од 50 до 59 години 11,4 проценти и 60-65 години 3,2 проценти.
Машките испитаници се 73,9 проценти од заразените, а жените – 26,1 процент.
Резултатите од тестот покажуваат разлика во бројот на пријавени случаи на коронавирус, врз основа на резултатите од ПЦР тестирањето и луѓето кои имаат антитела кон САРС-КоВ-2, што укажува на значителен удел на асимптоматски случаи, како и симптоматски случаи кои не барале медицински третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.