Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги претстави економските мерки со кои Србија би требало да ги преброди последиците од коронавирусот.
Имаме пари за економија, имаме и за уште нешто. Размислуваме да дадеме на секој полнолетен граѓанин на Србија помош од 100 евра. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра – најави синоќа Вучиќ.
Тој нагласи дека државата сака стопанствениците да преживеат, ама на тоа ќе може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10 отсто од вработените.
На сите стопанственици на микро и мали претпријатија, за три месеци, макар и кризата околу короната да не потрае три месеци, ќе им платиме минималец. На секој фризер, чевлар, пекар, на сите вработени во нивните фирми, ќе им платиме минималец. Фризерот сега не може да заработи, ама ќе има да плати минималец за себе и за вработените – рече српскиот претседател.
Вучиќ најави дека ќе воведе 24 часа полициски час, ако нешто наскоро не се промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.