Ми рече дека кога ќе се врати од училиште, ќе ја честам за роденден – раскажува Радисав Коциќ, дедо на Маријана Коциќ (17), ученичка настрадана кога возот на пруга удри во автобус кај Долно Меѓурово.
Радисав вели дека неговата внука се успала 15 минути, па наместо со автобусот со кој обично патува, тргнала со наредниот и така влегла во автобусот на смртта.
Кога слушнав за несреќата, отидов на местото на несреќата. Полицијата ми рече дека сите повредени се во Клиничкиот центар во Ниш. Прво се мислеше дека и се повредени ногата и стомакот, но тогаш се уште немаше направено снимање на стомакот. Испадна дека повредите се многу потешки. После на синот му рекле дека има многу повреди. Била на средина на автобусот, токму каде што удрил возот. Никогаш не седеше на средина, секогаш назад. Тоа е несреќа – рекол дедото на Маријана.
Тој вели дека неговата внука на 10 декември го прославила 17 роденден и дека веќе почнала да планира каде до година ќе го слави полнолетството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.