По последниот земјотрес што синоќа ја погоди Банија, а се почувствува и во Загреб, експертите велат дека ова се сепак последователни земјотреси од зимскиот удар. Ова се последователните потреси од тој силен земјотрес од 29 декември минатата година. Тогаш предупредивме дека смирување на почвата по таков силен земјотрес може да се случи дури во наредните две години“, рече шефицата на сеизмолошката служба, Инес Иванчиќ.
Иванчиќ рече дека последователните земјотреси може да траат подолго од две години, имајќи ја предвид магнитудата. Со текот на времето, вели таа, ќе станат поретки и ќе се намалуваат. Сепак, не е можно да се предвиди дали може да се случи посилен земјотрес, така што не можеме да предвидиме колку ќе биде силен следниот, рече Иванчиќ.
Таа забележува дека земјотресите во Петриња и Загреб се резултат на зголемената сеизмичка активност во Хрватска.
Сведоци сме на зголемена сеизмичка активност во нашата област. Тоа доведува до земјотрес на раседот кај Петриња или на друг раседен систем – на пример загребскиот, вели Иванчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.