Сеизмолозите предвидуваа апокалиптичен земјотрес на Балканот, поставувајќи го прашањето дали и Албанија ќе биде погодена, објави Класлајфстајл, уште во март годинава. Дури и албанскиот претседател Илир Мета најави дека Балканот ќе го погоди страшна трагедија

Мета уште во јули најави дека Балканот ќе го погоди апокалиптичен земјотрес. Мета во функција на претседател на Советот за безбедност упатил писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

Имено, Мета тогаш побара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен – се вели во писмото од Мета.

Toj бара информации за предупредувањето и можни мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.