Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека во поплавите што ги зафатија областите Кастамону, Синоп и Бартин во регионот на Црното Море животот го загубиле 70 луѓе.
АФАД наведува дека 60 лица загинале во Кастамону, девет лица во Синоп и едно лице во Бартин, додека осум лица се лекуваат во болниците.
Спасувачките служби ја продолжуваат потрагата по 47 лица кои се водат за исчезнати.
По поплавите, од областа Улус во Бартин евакуирани се 341 лице, во Кастамону 1.480 лица, додека од областа Ајанџик и населбите на Синоп евакуирани се вкупно 560 лица.
Поплавите предизвикаа хаос минатата недела, кога поројни води ги носеа автомобилите по улиците, уништија згради и мостови, затворија патишта и уништија електрична инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.