Доколку денеска се организираат избори во Бугарија во Собранието би влегле седум политички партии, покажуваат резултатите од моменталната слика за изборните ставови, спроведена од агенцијата Галуп.
Според резултатите од анкетата, ГЕРБ-СДС би освоила 21,4 отсто од гласовите, коалицијата на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петкови и Асен Василев „Промената продолжува“ ќе биде втора и ќе добие 15,2 отсто, БСП на Корнелија Нинова – 13, 4 отсто, „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов – 12,3 отсто, „Демократска Бугарија“ на Христо Иванов – 12,1 отсто, ДПС – 11,4 отсто и „Исправи се Бугарија. Доаѓаме“ – 4,1 отсто.
Под изборниот цензус од четири отсто за влез во Националното собрание останува проруската партија „Преродба“ на Костадин Костадинов со 3,3 отсто, како и ВМРО со 2,2 отсто.
Анкетата покажува како се одразува појавата на новата политичка формација на двајцата поранешни привремени министри. Во моментов, инерцијата на новодојдените е предизвик за добро познатите партии и создава најдинамични перспективи за „Промената продолжува“. Анкетат покажа дека 50,6 отсто од анкетираните избирачи навеле дека би гласале на 14 ноември, додека 22,6 отсто дека најверојатно би гласале. Тоа значи дека интересот за избори расте.
Податоците се добиени од телефонска анкета, спроведена помеѓу 21 и 26 септември меѓу 2.000 возрасни бугарски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.