Задарската полиција поднесе кривична пријава против седум момчиња од околината на Задар, Хрватска, поради сомнение дека од август минатата година до јули годинава во повеќе наврати групно силувале 15-годишно девојче од истото место. Како што пренесува „Слободна Далмација“, нивниот чин тие го снимале со мобилен телефон и ги користеле снимките цела година за да ја уценуваат и од неа да изнудуваат нови сексуални односи, под закана дека снимките ќе ги испратат кај незјините родители и пријателите. За дополнително да ја уверат во своите намери, нејзиното поранешно момче, воедно и еден од силувачите, во неколку наврати ја претепал.
Момчињата на возраст од 19, 18 и 17 години биле приведени за тешки казнени дела против сексуалната слобода, сексуален однос без согласност, блудни работи, закани, телесни повреди, искористување на деца за порнографија, но судијата ги пуштил да се бранат од слобода иако живеат во исто место како и жртвата.
Според сведоштва од мештаните за „Јутарњи лист“, се работи за „татини синови“, чии родители веќе ангажирале војска адвокати, па така и покрај бројните докази, меѓу кои и два филма и неколку фотографии од самиот чин на силување, пронајдени во нивните мобилни телефони, судијата сепак одбил мерка истражен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.