Српскиот Кризен штаб денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледува дали ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во земјата.
Одржувањето на Седницата го соопшти премиерката Ана Брнабиќ, која најави дека се размислува за донесување препорака за вакцинирање со трета доза од вакцината.
Ќе одржиме седница на Кризниот штаб затоа што лекарите се многу загрижени. Ќе видиме, има голем апел до младите да се вакцинираат. Во петокот имав состанок со нашето Национално тело за имунизација за да разговараме за третата доза. Договорот е до 23 јули да биде испратено мислење до Кризниот штаб, а потоа до 1 август ќе објавиме препорака до граѓаните околу третата доза на вакцината – изјави Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.