Новороденче старо само две недели во петокот вечерта било пронајдено во домот на едно семејство до Загреб. Бебето некој го оставил пред нивната врата.

Седумнаесетгодишната девојка, која го пнашла за „24 сата“ раскажала дека околу 23 часот се вратила дома од роденденска забава, кога во долниот кат од куќата, кој не го користеле, видела дека светлото е запалено, а знаела дека дома нема никој. Кога влегла внатре слушнала детски плач, а потоа во старата бебешка количка од нејзината сестра видела дека има бебе.

Светлото беше вклучено, што беше невообичаено бидејќи никој од домашните во тоа време не беше дома… Додека одев низ ходникот кон собата да го исклучам светлото, слушнав плачење на бебе. Тоа навистина ме изненади. Беше момче, само завиткано во чаршаф и така оставено. Беше студено и помодрено. Го земав ќебето на сестра ми и го замотав. Се качив на горниот кат, каде живееме и веднаш ја повикав мајка ми. Целото семејство дојде, раскажува девојката.

Брза помош го однела бебето во Клиничкиот центар во Загреб каде е згрижено и е во одлична здравствена состојба. Засега нема информации кој го оставил бебето во семејниот дом, полицијата само го потврдила случајот. Доколку не се најдат набрзо родителите, бебето ќе заврши во дом за незгрижени деца бидејќи нема потреба да биде зафржано во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.