Србија од понеделник ќе живее во нешто порелаксирани мерки на вонредна состојба поради коронавирусот.
Со работа ќе почнат фризерските салони и теретаните, а полицискиот час кој ќе трае од четврток во 18 часот до понеделник во 5 часот би требало да биде последна толку долга забрана за движење на граѓаните поради пандемиата, бидејќо после тоа се очекува враќање на многумина на работа, се очекува да почнат со работа градинките и кафулињата, се разбира со задолжително почитување на физичката дистанца од 2 метри.
Така и претседателот Александар Вучиќ, како и други граѓани, се врати на редовниот работен ритам.
Тој на Инстаграм се оглси со убавите вести и вообичаените активности.
После долго време се враќаме на вообичаените активности. Ручек на работа, извонредна боранија – напиша Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.