Изборите во Србија ќе бидат одржани на 28 јуни. Граѓаните, најизвесно е дека за Видовден ќе излезат на избирачките мста бидејќи се очекува вонредната состојба да биде укината по првомајските празници, бидејќи, како што тврдат експертите, корнавирусот слабее.

Во такви околности нема причина да не се продолжи и политичкиот живот таму каде што застана. Доколку вонредната состојба се укине после првомајските празници и Ѓурѓовден, 6 мај, како би се избегнале собирањата на луѓето, кампањата ќе трае  повќе од 41 ден, така што сите политички актери кои сакаат да ги одмерат силите на изборите, ќе имаат време на граѓаните да им ги претстават програмите – прецизира изворот на српски Телеграф.

Републичките, покраинските и локалните избори, кои беа распишани за 26 април, беа одложени поради Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.