По неколкудневното постојано зголемување на бројот на заразени лица, Србија надмина 1.000 нови днвени инфекции со корона вирусот. Од 11.324 тестирани примероци потврдени се 1.072 нови случаи на инфекција, а здравствените власти соопштија и за шест смртни случаи.

Во болница има 831 пациент, од кои 25 се на респиратори. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почнал четвртиот бран на Ковид-19.

Србија последен пат имаше повеќе од илјада заразени дневно на 12 мај, кога беа регистрирани 1.046 случаи на инфекција и оттогаш следуваше тренд на намалување. Кон средината на јуни имаше околу шеесет случаи дневно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.