По речиси четири месеци, вчера во Грција во текот на вчерашниот ден се регистрирани над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, а починале 19 лица. На апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници се приклучени 219 пациенти.
Поради зголемениот број нови случаи, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти, за туристите во Грција, кои ќе имаат позитивен тест, е предвидено да поминат десетдневна изолација во хотелите-карантин.
Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите-карантин.
Во Албанија досега вакцинирани речиси 58 отсто од планираните 2,2 милиони, а бројот на заразени расте. Во Албанија, од 11 ноември минатата година, кога почна процесот на вакцинација, до вчера вакцинани се 1.270.057 лица што е 57,7 отсто од планираните 2,2 милиони.
Информацијата на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама по пристигнувањето на новата пратка од 45.630 вакцини на компанијата Фајзер.
Во меѓувреме епидемиолошката состојба во земјата се влошува. Просечно дневно се регистрираат по над 120 нови случаи, повеќето од нив со делта сојот.
Ако месец јули беше заокружен со 425 активни случаи сега тој број е над 1.200.
Во Србија, пак, вчера беа регистрирани 792, а во Косово 562 новозаразени од корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.