Собранието на Србија денеска ќе ја разгледа Предлог одлуката за укинување на вонредната состојба која ја поднела Владата на Србија.

Укинувањето на вонредната состојба, вклучувајќи го и полицискиот час, не значи дека некои мерки воведени за време на борбата со коронавирусот нема да останат на сила.

Ракавиците и маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, но и во рестораните и кафулињата, физичката дистанца останува на сила, забраната за јавни собирања, нема настава во училиштата, останува наставата на далечина, нема кино и театар.

На сила останува држењето дистанца од два метри, а треба да се избегнуваат и контактите, прегратки, ракување, постарите од 65 години ќе можат да се движат кога и да посакаат, но препорака е и понатаму повеќе време да поминуваат во своите домови.

Прошетката е дозволена, но никако во група.

Славењата, како свадби, крштевки, родендени нема да бидат дозволени до 15 јуни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.