Видов жена како носи дете низ дворот. Не знаев за што станува збор, па излегов да видам. Детето беше мокро и едвај дишеше. Таа зборуваше неповрзано, дека ѝ паднало во вода, но не сакаше да ми дозволи да го допрам девојчето – раскажала сосетката, која гледала ако умира девојчето во рацете на баба си во селото Велика Греда во Србија.

Сосетката раскажала дека поминала покрај дворот пред несреќата, а 2-годишното девојче седело во скутот на бабата.

Девојчето беше живо, ѝ реков да ја преврти и да ја соблече мократа гардероба, но таа ја стегаше и не ми даваше да ја допрам. Ја барав да ми ја даде, но ја стегаше и викаше „тоа е мое дете“ додека малото ангелче умираше во нејзините раце, се гледаше дека се бори за воздух – рекла таа.

Од силен шок и страв не знаела што да направи.

Кога пристигна Брза помош, едвај ѝ го земаа детето од раце, ја ставија во амбулантно возило и ја однесоа, а бабата остана да вика „тоа е мое дете, сакам и јас со него“. Не можам да се смирам, можев да го спасам девојчето, но сега е доцна – раскажала соседката.

Трагедијата се случила додека во куќата биле малата Леа и нејзиниот брат-близнак, а нивната баба се грижела за нив, додека родителите биле на лекар со двете постари деца, исто така близнаци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.