Припадници на српското МВР од Полициската канцеларија за безбедност на реките ќе поднесат кривична пријава против 69-годишен маж, поради  сомнение дека сторил кривични дела – недозволена трговија со акцизни производи и недозволено складирање на стоки.

Во еден двор во Земун полициските службеници пронашле две пумпи и камион, во кои биле складирани околу 1.000 литри нафтени деривати, кои мажот ги продавал.

По претресот, пронајдени се уште два тенка со вкупно 2.500 литри нафта и поголема сума на пари.

Против осомничениот пензионер ќе биде поднесена кривична пријава.

Во сличен случај, во угостителски објект на смедеревски пат на 34-годишник, полицијата открила склад во кој имало 1.700 нафта, пумпа за полнење гориво, две црева со вкупна должина од околу 10 метри, дигитален мерач на проток на гориво, 183.870 динари и 120 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.