Дваесет и четиригодишната Ивана Ружиќ од Зрењанин, Србија, апсолвент на Улителскиот факултет во Вршац, е девојката која во неделата наутро почина во болница, откако неколку часа претходно ненадејно ѝ се слошило.

Според неофицијалните информации на „Блиц“, таа најверојатно починала од тромб.

Ивана во саботата навечер била излезена заедно со другарките во кафаната „Џек“ каде биле редовни гости.

Славеа моминска вечер за една од нив. Се шегуваше, смееше, се веселеше и одненадеш од чиста мира се онесвести пред сите. Веднаш притрчале во помош, викната е Брза помош, кога дојде доста брзо. Во болницата се обидоа да ја реанимираат, но за жал, без успех, вели за српските медиуми извор близок до истрагата.

Нејзините пријателки рекле дека Ивана водела доста здрав живот, била вегетаријанка, а кобната вечер пиела само вода.

Никогаш не пиеше, а камоли да конзумира дрога. Беше девојка за пример, апсолвент, ѝ беше останата само дипломската работа. Се сомневаат дека станува збор за тромб, за кој не знаеше дека го има, вели нејзин пријател за тамошните медиуми.

Се чекаат резултатите од обдукцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.