За само една недела од објавување на приказната за тешкиот живот на Марија Дојчиновиќ и нејзината ќеркичка Тијана Рамани од околината на Сурдилица, тие две беа затрупани со пакети храна, облека, обувки и играчки. Малата Тијана имаше само една желба, а тоа е да има што да јаде секој ден. Благодарејќи им на добрите луѓе, оваа желба и се оствари.

Цела Србија се крена на нозе за да помогне на ова семејство, а тие се бескрајно благодарни на помошта. За само една недела Тијана станала потполно поинакво девојче. Се интересира за сѐ, сака да научи да пишува, особено ја интересираат весиците. Ги реди по ред, ги разгледува и внимателно ги гледа фотографиите.

Кога ќе порасне вели дека сака да биде новинарка.

Бевме само гладни, немавме што да јадеме, сега буквално не знаеме што прво да пробаме. Имаме јогурт, млеко, месо, макарони, кекс, чоколади, паштети, готови јадења, на можам да видам се. Добивме храна за цело зима, плус брашно, шеќер, зејтин. Ви благодарам на сите, благодарам добри луѓе – вели мајка и на Тијана,  Марија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.