Откако синќа во загребската населба Кајзерица, маж, чиј идентитет сè уште не е откриен, уби шест лица во семејниот дом, а потоа се самоубил во Брезовица, соседите сведочат за ужасната вечер. Мажот се самоубил откако полицијата успеала да го лоцира и пристигнала да го уапси.

Истрелите во домот на убиеното семејство се слушале во околните куќи.

„Бев на терасата кога слушнав истрели од огнено оружје, а потоа имаше и лелеци од жени“, изјавува млад човек за хрватските медиуми.

Напаѓачот убил три жени, двајца мажи и 10-годишно момче, оставајќи живо само седуммесечно бебе. Полицијата допрва треба да ги открие деталите за ова злосторство, но се шпекулира дека мотивот бил љубомора. Убиецот, наводно, е поранешен сопруг на една од жените што ги убил.

„Во шок сме, ова е инаку тивко и мирно соседство“, рекол друг жител на улицата каде се случило злосторството, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Синоќешното злосторство е едно од најлошите во изминатите триесет години кое се случиле во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.