Гром удрил во авионот со кој шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, летал за Словенија. Српските медиуми утрово информираат дека молњата удрила додека авионот бил над Љубљана. За среќа инцидентот поминал без последици, се кренала само голема паника во леталото, а пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија. Дачиќ го продолжил патот кон Блед каде ќе учествува на Стратешкиот форум.

„Се слушна мала експлозија, се виде одблесок. Но, никој не ни може ништо“, изјавил Дачиќ за „Курир“.

Силно невреме синоќа ги погоди Словенија и Хрватска, каде за само два часа биле забележани повеќе од 20.000 молњи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.