Пожарот што избувна во станбена област на југот на Турција во областа Милас во провинцијата Мугла, се прошири на четири населени места во округот Бодрум, достигнувајќи ги населбите Туркевлери и Орен.

Пожарот ги принуди луѓето да се евакуираат додека земјата продолжува да се бори со големите пожари што избија минатата недела на јужниот и југозападниот брег на земјата, пренесува Анадолија.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места се евакуирани поради пожарите што избија на југот на земјата, додека најмалку осум лица ги загубија животите од почетокот на пожарите.

Пламените јазици, кои брзо се проширија со силен ветер, ги принудија жителите на една населба да ги напуштат своите домови, а новинарите ја спасија мачката која остана заробена на балконот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.