Грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, кој беше главен преговарач во спорот со името со Македонија почина на 79 години, јавуваат грчките медиуми.
Роден на 13 јуни, 1942 година во Чиос, Василакис од 1972 година е работи како дипломат, а служееше и на клучни позиции во Европската унија и Обединетите нации.
Од 2007 година тој ја претставуваше Грција во спорот со Македонија, чиј медијатор беше Метју Нимиц.
-Министерството за надворешни работи тагува за загубата на амбасадорот Адамантиос Василакис, одличен дипломат кој ја почести својата татковина и беше модел и извор на инспирација за сите оние кои имаа среќа да го запознаат, соопшти грчкото МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.