Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ оцени денеска дека саботната прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ, на која беа прикажани масакрирани тела, е кулминација на „бизарноста и политичката патологија во која е втурната Србија по 2012 година“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Покажувањето на масакрирани тела, со што се кршат човековите права и на самите жртви и на нивните семејства, и покрај експлицитното барање на членовите на семејствата на потенцијални жртви, е нешто што не може да се замисли во ниту една нормална земја, изјави Тадиќ за „Данас“.
Според него, „криминалната група на Беливук (Веља Невоља), која всушност е откината тепачка фаланга на Српската напредна партија (СНС), отворено на социјалните мрежи ги киднапираше и злоставуваше своите криминални ривали, а претседателот на државата и неговите најблиски соработници (Братислав) Гашиќ- директор на БИА и (Ненад) Стефановиќ- министер на МВР и на одбрана, како и премиерката Ана Брнабиќ, со прст не мрднаа, ниту се огласија по тој повод
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.