Загреб денеска во 09.52 часот го потресе земјотрес, кој се почуствува во целиот град, но и во околината.

Сеизмолошката служба на Хрватска јавува дека, според првите податоци, магнитудата на потресот била 3,2 по Рихтер. Седум минути подоцна се почуствувал нов потрес, но тој бил послаб, со магнитуда од 2,3 по Рихтер.

Утринава, на 23 април 2020 година сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два потреса кај Маркушевац. Првиот беше во 09.52 часот, а вториот во 09.59. Првиот потрес беше умерен, со магнитуда од 3,2 според Рихтер и се почуствува во Загреб и во околината. Другиот потрес беше послаб, со 2,3 магнитуда според Рихтер и се почуствува во централното подрачје и северниот дел на Загреб, порачале од сеизмолошката служба.

Овој потрес од 3,2 степени не би требало да предизвика штета, освен на оние објекти кои веќе претрпеле штета во првиот потрес, порача сеизмологот Крешимир Кук за Н1 телевизија.

Тој порача дека од 22 март имало вкупно преку 1000 потреси, од кои 150 се почуствувале.

Потресот исто така се случил за време на седница на хрватското Собрание и по снимката објавена од индекс.хр може да се види како претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ веднаш станал, додека министерот Томислав Чориќ престанал со говорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.