Шест лица се водат за исчезнати, од кои четворица возрасни и две деца, откако утринава се превртел чамец полн со мигранти во Дунав, кај селото Куравуково, во Општина Оџаци.

Во чамецот имало од 10 до 15 мигранти, кои се обидувале да преминат од Србија во Хрватска.

Двете деца и четирите возрасни лица се водат за исчезнати, додека останатите мигранти успеале да допливаат до брегот.

Потрагата по исчезнатите е во тек, соопштија српските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.