Лекарите мора да се водат како пример, тоа е дел од нивната одговорност и верувам дека 100 отсто од здравствените работници треба да се вакцинираат против Ковид, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Брнабиќ на ТВ Прва кажа дека една од темите на денешната седница на Кризниот штаб ќе биде задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Имаме 66 отсто од здравствените работници кои се вакцинирани, но огромен број од нив не е. Основна одговорност е да се вакцинираат. Ако можеме, би отишла на задолжителна вакцинација за нив, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека на денешната седница на Кризниот штаб главна тема ќе биде и почетокот на учебната година.

Предлогот е учебната година да започне нормално, со целосен фонд на часови, со задолжителни маски. Апелираме до сите просветни работници да се вакцинираат. Мислам дека е исклучително важно оваа учебна година децата нормално да одат на училиште, изјави Брнабиќ, оценувајќи дека вакцинацијата на младите, кои во Србија се вакцинирани само околу 20 отсто, е исклучително важна.

Таа додаде дека мора да се научи да се живее со вирусот и дека вакцините се достапни за секого, што е главна мерка во борбата против епидемијата.

Имаме околу 52 отсто вакцинирани полнолетни граѓани, што не е доволно, но не спасува. Сепак, мораме побрзо и подобро, нагласи таа, порачувајќи дека е против мерките на затворање, бидејќи верува дека секој мора да научи да живее со вирусот.

Во пресрет на денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тодоровиќ за весникот „Нова“ изјави дека ќе бара построги мерки и натписи на кафулињата „Предност за вакцинираните“.

Тој смета дека доколку се почитуваат мерките, нема потреба да се ограничува работата на угостителските објекти.

На угостителите ќе им биде упатен апел до сите нивни работници да се вакцинираат. Ова може да важи и за рестораните и за ноќните клубови, а мислам дека не може да боли на влезот во внатрешноста на објектот да стои натпис „предносот имаат оние кои се вакцинирани, оние кои се тестирани и го преболеле вирусот, рече Тодоровиќ.

Координаторот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ оцени дека вакцинацијата во Србија се уште е забавена и дека досега се дадени 29.000 трети дози на вакцини против коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.