Земјотрес од 4,78 степени според Рихтер е регистриран денеска во 17:21 часот Албанија, а поради близината со нашата земја почувствуван е и во делови од Македонија.

Земјотресот е со епицентар во градот Драч, а бил на длабочина од 6 км. Засега нема информации за материјална штета.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.