Ја лекуваат тројца лекари, слабо се дружи со децата, го сонува нејзиниот киднапер, Малчанскиот бербер. Вака Александра Каримановиќ го опишува животот на нејзината ќерка Моника година и половина по нејзиното киднапирање, кога во Србија е изречена првата доживотна затворска казна токму за нејзиниот киднапер.
На 20 декември 2019 година, семејството Каримановиќ од Суви Дол се соочи со најголемиот страв што може да го доживее родителот. Нивното дете го немаше. Само неколку моменти подоцна, доаѓаат до страшната вистина – нивната ќерка, Моника, беше киднапирана од Нинослав Јовановиќ, криминалец кој веќе имал поминато повеќе од 20 години во затвор поради силување. Балканот десет дена беше на нозе, нишката област не спиеше, а имаше само една цел – да се најде Моника Каримановиќ. Во потрагата беа вклучени 600 полицајци и стотици граѓани.
Секој ден беше како година за родителите на Моника бидејќи информациите за нивната ќерка се менуваа од минута во минута, кога конечно, девојчето беше пронајдено во селото Пасјача во областа Ниш, во стабилна здравствена состојба, но видно исплашено и истоштено.
Година и пол по трауматичниот настан што ја потресе цела Србија, Александра Каримановиќ, мајката на киднапираното девојче, раскажа како е Моника денес, со какви проблеми и последици се соочува.
Моника е добро, станува се подобра и подобра, има свои моменти кога не е добро. Паничи, станува нервозна и плаче. Често го споменува непријатниот настан. Училиштето организираше бесплатна терапија за неа, па сега тројца лекари работат со неа, рече таа пред српските медиуми.
По траумата што ја доживеа девојката од Суви Дол, најтешкиот чекор во нејзиното закрепнување е да се социјализира на соодветен начин и да се врати на старите навики.
Моника речиси не се дружи со други деца. Многу се плаши да се движи сама, не ја чувствува таа слобода. Се уште има голем проблем да биде сама на улица. Секогаш мора да има некој со неа, и ние како родители сме премногу исплашени после сè, вели таа.
Александра вели дека тие никогаш нема да закрепнат по се што поминале, ниту дека болката што ја чувствуваат некогш ќе помине.
Кога Моника се сеќава на тој настан, таа никогаш не го споменува неговото име, туку му се обраќа со „оној“, таа ја доживува траумата и низ соништата, често сонува за непријатниот настан, додаде мајката.
Моника не го заборави лицето на својот киднапер, и секој пат е многу вознемирена кога некој непознат маж ќе ја потсети на него.
Моника се плаши од странци, како и гласови што ја потсетуваат на гласот на киднаперот, вели Александра.
Апелациониот суд во Ниш го осуди Нинослав Јовановиќ (48) од селото Малча на доживотен затвор за киднапирање и продолжено кривично дело силување на дванаесетгодишно девојче.
Инаку тој веќе е осудуван за силување на една жена и една девојка (1995), киднапирање две и силување на една девојка (2005) и вознемирувачки пораки до жените преку неговиот профил на Фејсбук (2018), за што помина 22 години во затвор.
Медиумите го крстија „Малчански бербер“ затоа што им ја шишаше косата на жртвите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.