Ги загубив сопругата и нероденото дете. Останав сам со две ќеркички, едната е пет ипол, а другата има седум години, раскажува за српски Курир сопругот на починатата трудница Милијана Радовановиќ (31) од Власотинце, Србија, Дарко Радовановиќ (36).

Пеколот започна на 31 јули, кога сопругата доби температура од 37,5. Беше сабота, а веќе во понеделник почна да кашла. Се сомневав на ковид бидејќи татко ми ги имаше истите симптоми претходно, а потоа заврши со тешка клиничка слика. Ја однесов на тестирање во понеделник, веројатно веќе доцневме. Таа не беше вакцинирана. Се плашевме да се вакцинира додека е бремена, но сите бевме вакцинирани дома. Јас го прележав вирусот, но примив две дози, вели Дарко со треперлив глас и додава дека ја тестирале во болницата во Лесковац и дека добила позитивни наоди за коронавирусот.

Според него, лекарите им рекле дека таа мора да биде хоспитализирана во ковид-болницата во Крушевац, бидејќи е бремена. Тој на август, ги спакувал нејзините работи за болницата.

Чекавме неколку часа амбулантното возило да ја земе и да ја однесе во Крушевац. Беше добро, имаше поблаги симптоми. Немав идеја дека ќе биде последен пат кога ќе ја видам жива. Ја охрабрив дека сè ќе биде добро, иако и самиот се плашев. Се слушавме по телефон секој ден откако таа остана во болница. Ми рече дека се чувствува подобро. И тогаш нејзината состојба се влоши. Ми спомна дека повторно ќе ја тестираат за да ја пренесат на гинекологија во Ниш, и дека последниот тест ѝ бил негативен, иако се чувствувала многу лошо, тврди Дарко, инаку воено лице.

Додава дека му е многу жал што ниеден доктор не го известил за нејзината здравствена состојба и влошувањето на нејзината клиничка слика.

Можеби бебето можело да се спаси пред да ѝ се слоши вечерта … загубив два живота, вели Дарко.

Последен пат, вели тој, се слушнале на 18 август во 17:45 часот.

Ми рече: „Не можам да издржам, ме ставија на кислород“. Почина неколку часа подоцна, на 19 август, во еден часот по полноќ. Ми се јавија во 8 часот наутро… Нејзиното срце не можеше да издржи, ја загуби битката и животот, а јас останав сам, без најголемата љубов во животот, со две ќерки, раскажува низ солзи Дарко и додава: „Едната ќерка има пет ипол години, а втората сега од септември ќе биде прваче. Таа оди на училиште, па едвај чека мајка и да и купи тетратки, но нејзината мајка повеќе не е тука…“

Жителите на Власотинце велат дека ова е трагедија каква што не се памети на ова место, дека еден млад живот е згаснат и дека две мали девојчиња и еден неутешен сопруг остануваат сами.

Наместо да се врати дома од Крушевац и среќно да го чека раѓањето на третото дете, таа од болницата пристигна на гробиштата Власотинце. Голема тага, велат.

Тажна судбина

Милијана Радовановиќ е по потекло од Медвеѓа. Жителите на Медвеѓа раскажаа дека оваа млада жена зад себе оставила двајца браќа и татко, и дека нејзината мајка починала кога имала 13 години, пренесува Југмедија.

Вакцината е безбедна за бремени жени, би ѝ го спасила животот

Епидемиологот д -р Радмило Петровиќ за српски „Курир“ вели дека вакцината против коронавирус сигурно ќе ја спасела оваа бремена жена.

Луѓето се плашат и не знаат, но оваа и сите други бремени жени можат да се вакцинираат по 12-та недела од бременоста, односно по третиот месец. Вакцината нема да му наштети на фетусот или мајката. Тоа ќе ја ублажи клиничката слика и нема да има смрт. Останува препораката сите бремени жени да се вакцинираат со цел да се избегне најлошото можно сценарио, посочи д -р Петровиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.