Претседателот на Србија Александар Вучиќ иако не се чувствува добро, денеска се огласи на Инстаграм. Тој порача денеска дека Србија донела сериозни мерки за помош на стопанството погодено од последиците на епидемијата на коронавирусот, кои ќе покажат дека земјата побрзо од другите може да излезе од економските проблеми.
Тој обајви на Инстрагам профилот на „budućnostsrbijeav“, додавајќи дека мерките биле можни бидејќи Србија е економски силна и финасиски стабилна.
Донесовме сериозни мерки кои ќе покажат дека Србија може побрзо од другите да излезе од економските проблеми. Мерките се можни бидејќи Србија е економски силна и финансиски стабилна благодарение на реформите спроведени изминативе години. Ќе се бориме и ќе победиме – напиша Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.