Словенката Алма Новљан исчезнала на хрватскиот остров Мљет каде била на одмор со нејзиниот сопруг. Последен пат била видена на 26 јуни од кога и се губи секаква трага.
Дента исчезнала, таа носела црна кошула со натпис ,,Биг Бен Лондон”, бели шорцеви и сандали. Таа беше пријавена за исчезната од страна на нејзиниот сопруг со кого престојувала во кампот во Ловиште на Пелешец, каде што последен пат била забележана.
Нејзиното семејство на Фејсбук објави дека нудат 10 илјади евра награда за информациите коишто би помогнале таа да се пронајде.
И покрај сите напори и претраги, досега потрагата не дава резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.