Заменик градоначалникот на Белград, Горн Весиќ, соопшти дека градскиот штаб за вонредни состоби донел одлука да се продолжи работното време на малопродажните објекти, на кафулињата и на рестораните да се продолжи до полниќ. Мерката ќе важи до среда, 13 октомври

Весиќ истакна дека одлуката е донесена поради големиот број странски гости коишто ќе престојуваат во Белград за време на интернационалниот самит што се одржува по повод 60-годишнината од основањето на движењето на Неврзаните.

Белград ќе биде добар домаќин на нашите гости и сега, како што беше и во септември 1961 година. Белград победува – изјави Весиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.