Ослабнат скоро 10 килограми, валкан, прекриен со кал и гранки за подобро да се скрие од полицијата – вака изгледа Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер, кого по 17 дена потрага, полицијата го пронајде на гробиштата во родното село.

Како што пренесуваат срспките медиуми, тој успеал толку долго да се скрие затоа што копал дупки на различни места и се покривал со гранки. По него трагаа околу 300 полицајци и специјалци, во потрагата беа вклучени кучиња, хеликоптери, доброволци…

Затоа што бил прегладнет, Јовановиќ се вратил во родното село и преспал во напуштената шупа кај соседите, од каде се обидел да украде храна. Кога го забележале, веднаш пријавиле во полиција. Тој избегал до гробиштата, кои се наоѓаат веднаш го куќата на татко му. Се сокрил позади надгробна плоча и под венец.

Засега е задржан на 48 часа, по што ќе му биде одреден притвор и ќе биде покренато обвинение против него.

Потрагата по Јовановиќ траеше од 20 декември, кога ја киднапираше и ја злоупотребуваше Каримановиќ (12). Во меѓувреме, таа беше пронајдена во село Јасеновиќ, по 10-дневна потрага.

Претходно, Малчанскиот бербер беше уапсен во средината на октомври 2018 година под сомнение дека преку апликацијата месинџер испраќал пораки до повеќе женски лица, каде барал од нив да му достават скратена коса или да ги шиша во замена за паричен надомест.

Претходно беше осуден на 12 години затвор за шишање и силување 12-годишно девојче, а во 90-тите години исто беше осуден за силување на 10 години затвор.

Јовановиќ по издржувањето на казната беше ослободен на 18 март оваа година.

Прекарот го доби затоа што покрај силувањето и тепањето на жртвите им ја сечел косата.

Во моментов во Србија има запишано 306 лица во Регистарот на педофили. Тоа се лица кои се конечно осудени за некое од кривичните дела против сексуалната слобода врз малолетни лица, на кои се применува „Законот на Марија“, донесен во 2013 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.