Полицијата денеска пронашла запален автомобил „Пасат“ за кој се верува дека е на семејството Ѓокиќ кое е пријавено за исчезнато. Дел од српските медиуми јавуваат дека во близина на автомобилот наводно се пронајдени и тела, покриени, но се уште не се открива со што.
Телата, јавуваат медиумите, се верува дека се на членовите на исчезнатото семејство. Горан (57), Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) исчезнале во неделата вечерта откако си заминале од вечера на која биле кај мајката на Горан. Тука им се губи трагата.
Семејството Ѓокиќ било сопственик на менувачница, а нивното семејство и пријателите се сомневаат дека некој им го пресретнал патот.
Полицијата го блокираше приодот кон патот, а на лице место пристигнал и братот на Гордана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.