Oдлична и добра вест утрово од Брисел, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, откако Србија отвори еден кластер во преговорите со Европската унија, кој вклучува четири поглавја, кои се однесуваат на транспортната политика, трансевропската мрежа, животната средина и енергетиката, јави дописникот на МИА од Белград.

-Значаен, голем успех за нашата земја, порача вели Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот на „Будуќностсрбија”.

„Голема благодарност до Урсула фон дер Лајен, но и до сите земји членки, честитки за граѓаните, бидејќи тие се најзаслужни за реформите што ги спроведовме во претходниот период”, кажа Вучиќ.

Од Владата тој „побара и моли да продолжи и да ги забрза реформите во делот на владеењето на правото, но и во сите други сфери”.

 Србија досега има отворено 22 од 35 поглавја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.