Голем пожар денес изби на Света гора во соседна Грција, а пожарникарските екипи вложуваат огромни напори да го стават под контрола.

Објавени се и првите снимки од големиот пожар на Арапис, а пожарникарите со огнената стихија се борат од копно и воздух. Како што пренесуваат грчките медиуми, на лице место се наоѓаат 59 пожарникари, три групи пешадиски единици, а интервенираат и воздушните единици.

Пожарот засега не ги загрозува конаците и манастирите, меѓутоа силниот ветер ја отежнува целата ситуација.

Покрај тоа, противпожарните екипи се борат и со пожарот кој изби на Закинтос во областа на планината Скопос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.