Основното јавно обвинителство од Ниш денеска подигна обвинителен предлог против Милан Здравковиќ (32), возач во „Ниш експрес“ за тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај, за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа на 21 декември минатата година, во која загинаа седум лица, а триесетина се повредени, дознава српски „Телеграф“.

Обинителството побарало поради исклучително тешките последици од несреќата, да му се изрече максимална казна од осум години затвор и пет години забрана за управување со моторно возило, како и продолжување на притворот сè до пресудата.

Автобусот на „Ниш експрес“ буквално беше преполовен по судирот со воз. Поголемиот дел од патниците беа средношколци или луѓе кои се упатувале кон работните места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.