Предупредувањето за бомба во сараевскиот кантонски суд кое претходно беше упатено е лажно, соопшти полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Извршен е преглед на просториите на Судот и утврдено е дека дојавата за бомба била лажна, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Тој додаде дека полициските службеници работат на идентификување и лоцирање на непознато лице кое ја упатило лажната закана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.